Автономен подвижен билборд на Sony и Yamaha

Sony во партнерство со Yamaha креираа автономно возило кое истовремено служи и како подвижен билборд. Наречено SC-1, ова возило е дизајнирано за користење во тематски паркови, терени за голф и во комерцијални цели.



Електричниот SC-1 може да собере 5 луѓе и да постигне максимална брзина од 20км/ч., а има полно ултра-чувствителни сензори и камери кои му помагаат да ја скенира околината и да е „свесен“ за неговото опкружување. SC-1 е фузија на возачката автономна технологија на Yamaha и на дисплеите на Sony за прикажување на слики во висока резолуција во внатрешноста на автомобилот, кои овозможуваат патниците да можат да гледаат што се случува надвор од возилото дури и навечер, без потреба од фарови.

Внатре, 49-инчен 4K монитор дава приказ на надворешниот свет, додека четири 55-инчни 4К дисплеи од надворешната страна прикажуваат реклами или разни слики/видеа.



Со помош на вештачка интелигенција, возилото може да ја утврди демографијата на минувачите, и да ги оптимизира промотивните материјали кои ги прикажува базирано на фактори како години на старост и пол.

2D LIDAR системите и ултрасоничните сензори ќе акумулираат податоци поврзани со патувањата, кои потоа ќе се употребуваат за анализи со кои возилото ќе „учи“ и ќе го оптимизира возењето, а сите 4 тркала ќе имаат хидраулични сопирачки.

Двете компании планираат ова возило да почне да се употребува во Јапонија некаде во 2019-та или до март 2020-та.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...