Најбезбедна велосипедска кацига во светот

Шведската компанија Hövding ја претстави 3-тата генерација на нивната велосипедска „кацига“ – уред во форма на крагна кој во себе содржи airbag, т.е воздушно перниче, кое се активира во случај на удар.



Наречена најбезбедна велосипедска кацига во светот, таа се дува за 0.1 секунда и формира заштита околу вратот и главата.

Крагната користи сензори кои ги читаат моделите на движење на велосипедистот 200 пати во секунда и штом детектира абнормални движења предизвикани од незгода, се активира воздушното перниче кое ефикасно го фиксира вратот и спречува повреди на главата.



Батеријата која е вградена во овој уред трае и до 12 часа, а корисниците можат да го поврзат со нивниот смартфон преку bluetooth конекција, со iOS и Android апликација.

Hövding кацигата лесно се става и отстранува со помош на патент на предната страна, а ја има во една големина која може да се адаптира за сечиј врат. Моментално таа може да се купи преку сајтот на Hövding и чини околу 280 евра, а досега околу 185 000 велосипедисти ја имаат купено.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...