Слушалки кои го скенираат ушниот канал за идентификација

Заштитата на елекронските уреди со лозинка веќе е застарен метод, најчесто заменет со биометриски сигурносни системи со кои корисникот на уредот се идентификува преку, на пример, отпечатокот на прст, глас, неговото лице и сл.

Сега, истражувачи од државниот универзитет на Њујорк смислиле нов пристап, наречен EarEcho.

Се работи за нова биометриска алатка која користи звучни бранови за идентификување на корисникот според уникатната геометрија на неговиот ушен канал – информација која ќе биде исклучително тешка за да открие со цел да се дуплира односно фалсификува.

Тимот истражувачи искористил нормални слушалки за уши кои биле модификувани со додавање на микрофон свртен кон ушниот канал, а процесот за идентификација е следниот: кога низ звучникот се испушта звук во увото на корисникот, тој се движи низ ушниот канал и се рефлектира назад во новиот микрофон во слушалката. Преку анализирање на акустичните информации од звукот и од неговото ехо, чии карактеристики се исклучително поврзани со геометријата на ушниот канал, се добиваат уникатни карактеристики на корисникот со кои се верификува неговиот идентитет.



Прототипот на EarEcho уредот бил способен да ги идентификува корисниците со 95% точност, кога бил тестиран врз 20 субјекти на мноштво локации (трговски центри, улици и сл.). Тоа го постигнувал за една секунда, а доколку анализирањето траело 3 секунди, точноста му се зголемувала на 97.5%.

Ваквата технологија би можела да се користи за отклучување на смартфони, за автентикација преку телефон и идентификување (и потврдување) на идентитетот на личноста со која што се зборува или пак за потврда на сопствениот идентитет доколку, на пример, комуницирате со службеник во банка или слична установа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...