MVRDV и Airbus со замисла за летечки возила

Архитектонското студио MVRDV во колаборација со Аirbus, Bauhaus Luftfahrt, ETH Zurich и Systra, развиле план за иднината на урбаната воздушна мобилност (UAM - urban air mobility), која вклучува интеграција на летечките возила во нашето урбано опкружување.

Во изминатите 2 години, MVRDV го подржуваa Airbus во истражувањето на сценарија за стратешки урбан развиток, креирајќи студија за избегнување на штетните влијанија од оваа нова технологија (летачки возила) кои лесно можат да се појават.

Истражувањето покажало дека UAM може да ги поврзува териториите со минимално влијание на околината и да испорача мулти-модален систем пристапен за сите.

Тие замислуваат „вертидроми“ од различни типови и големини кои би служеле како попатни станици или терминали каде возилата би слетувале, без потреба од линеарна инфраструктура каква што е потребна за транспортните опции како возовите, метроата или автобусите.

На дизајнерите ќе им биде овозможено да ги адаптираат вертидромите (“аеродроми“ за вертикално слетување/полетување на летала) според локацијата на која што ќе се наоѓаат, со што тие нема да отскокнуваат од околината.

Во локациите кои не се доволно развиени, вертидромите можат да служат како здравствени или образовни установи, бизнис инкубатори и слични, а потоа и како мостови за поврзување на соседствата.

UAM мрежите во градовите не би ја замениле веќе постоечката транспортна инфраструктура, туку би ја надополнувале со сервиси како на пример поврзување на големи транспортни локации како аеродроми, со бизнис центри.

Мрежата вертидроми би можела да служи и за поврзување на разни делови од градовите со подалечните области без потреба од градење на скапа инфраструктура, што би го подобрило времето, на пример, потребно за возило/летало за брза помош да пристигне на одредена локација до која нема брз или лесен конвенционален пристап.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...