Интернет закани: Kои се и како да се заштитите?

Како што дигиталното време напредува со молскавична брзина, така се зголемуваат и заканите кои нѐ демнат на интернет. Поради различната природата и степен на опасност кој го носат со себе овие закани, потребно е да знаете да ги разликувате за да знаете како да реагирате ако се соочите со некоја од нив. Откако ќе го прочитате овој текст, ќе научите како да ги идентификувате најчестите опасности на интернет, но ќе научите и како да го заштитите вашиот бизнис од нив.



Хакерите и програмерите на штетен софтвер стануваат сѐ покреативни кога се обидуваат да влезат во вашиот компјутер или паметен телефон, за да ги употребат (злоупотребат) вашите податоци. Од тој аспект, неинформираноста на оваа тема може да биде многу опасна, а недостатокот на соодветна заштита во такви ситуации е закана сама по себе. Но, најпрво, кои се главните Интернет закани на денешницата:

Phishing/Фишинг е чин преку кој одредено лице или организација се обидува да добие финансиски или други доверливи информации од корисниците на интернет, обично со испраќање на електронска порака што изгледа како да е од постоечки и легитимен испраќач. Мејлот може да содржи прилог кој го инфицира вашиот компјутер и ве спречува да ги вчитате вашите податоци или пак линкови кои го водат корисникот на лажна веб-страница. Корисно е да знаете како да препознаете фишинг мејл, па затоа пребарајте неколку примери и обучете се како да ја идентификувате оваа закана пред таа да му нанесе штета на вашиот бизнис.

Troyan/Тројански вирус или популарно познат како „Тројански коњ“ (да, исто како оној од Тројанската војна) е штетен софтвер кој може да биде создаден или испратен од сајбер-криминалци и хакери кои се обидуваат да добијат пристап до системот на корисникот. Обично тој се претставува како софтвер кој му е потребен на корисникот, за потоа да се инфилтрира во системот и да ги направи податоците достапни за оној кој го испратил. Една од главните карактеристики на Тројанскиот вирус е тоа што тој може да се прошири и во други компјутери и да ги спои во мрежа, која потоа ќе им нанесе штета на корисниците.

Malware е групен назив за повеќе типови штетен софтвер, како компјутерски вируси и варијации на spyware, кој најчесто се состои од код што е специјално дизајниран за да предизвика голема штета на компјутерскиот систем или да добие пристап до некоја затворена мрежа на податоци. Генерално, функционален антивирус може да ги детектира ваквите закани и да ве извести доколку тие се обидуваат да му пристапат на вашиот компјутер, но сепак ниту тоа не претставува целосна заштита.

Ransomware е малициозен софтвер, кој откако ќе се активира на корисничкиот уред го блокира пристапот на корисникот до компјутерски фајлови ( документи, слики, видеа), сè додека корисникот не плати одредена сума на пари. Во „инфицираниот” уред се генерираат документи со упатства како корисникот да ја плати сумата и да добие пристап до податоците. Механизмот на кој функционира ransomware е криптирање на фајловите на засегнатиот компјутер, документите и останатите фајлови добиваат чудни икони кои потоа не се отвораат со ниедна апликација.

Безбедноста на вашите податоци, без разлика дали станува збор за вашата домашна и мобилна мрежа или за мрежата преку која го водите бизнисот, е приоритет број еден.

Преземањето софтвер, купувањето и плаќањето сметки онлајн со себе носат ризици кои не можете секогаш да ги забележите.

Затоа се тука услугите SafeNet HOME, SafeNet MOBILE и SafeNet OFFICE – кои автоматски го проверуваат вашиот фиксен или мобилен интернет сообраќај и веднаш ве информираат за можните закани за вашата домашна мрежа, мобилна мрежа или мрежата во вашата канцеларија.

SafeNet е услуга којашто е интегрирана во мрежата на Телеком и го проверува реализираниот интернет сообраќај, ги блокира потенцијалните закани и ве известува за направените активности. Во случај да детектира Тројански вирус, malware, фишинг електронска порака или друг тип на штетен софтвер, SafeNet ќе го предупреди корисникот и нема да дозволи пристап до заканата.

Македонски Телеком преку услугата SafeNet ви нуди најбезбедна поврзаност, без разлика каде сте - дома, на работното место или во движење. Трите достапни опции: SafeNet HOME, SafeNet OFFICE и SafeNet MOBILE ќе ги заштитат вашите уреди и ќе ги обезбедат вашите уреди, овозможувајќи ви безгрижна работа, размена на податоци и трансакции на интернет.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...