„Дигитална Гиза“ – виртуелна прошетка по египетските пирамиди

Ако патувањето е идеален начин да се доживее убавината на древните пирамиди во Гиза, Египет, тогаш „Дигитална Гиза“, направена од Универзитетот Харвард, е најдобрата алтернатива за тоа.



Како што пренесува „Нердист“, „Дигитална Гиза“ (Digital Giza) е дел од проектот „Гиза“ на Харвард – обид да се каталогизира архивата и податоците во една база. Истражувачите создадоа дигитална платформа со 3-Д модели, виртуелни прошетки и други бесплатни интерактивни компоненти, кои им помагаат на луѓето да го истражуваат местото оддалеку.

На пример, може да се движите низ Големата пирамида – најголемото од трите зданија, изградена од фараонот Кеопс околу 2550 г. пр.н.е. Кеопсовата пирамида не само што е најстаро од седумте древни светски чуда, туку е и единственото што сè уште постои. Другите две пирамиди се Кефреновата и Менкауровата пирамида, изградени од синот и внукот на Кеопс.

„Дигитална Гиза“ нуди и поглед и на Сфингата и други знаментости. На платформата има и виртуелни обиколки на неколку екстравагантни гробници, заедно со уметничките дела и скулптури, кои до ситници може да се видат однатре.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...