Кина создаде воз што развива брзина од 600 км/ч

Кина денес го претстави новиот брз воз што може да развие брзина од 600 километри на час.

Возот е развиен и произведен во Кина, во крајбрежниот град Ќингдао и е најбрзото копнено возило во светот.



Возовите се движат така што лебдат над шините, користејќи магнети кои создаваат подигнување и потиснување. Кина ја користи оваа технологија две децении, но во многу ограничена мерка. Така, сега Шангај има „маглев“ што поврзува еден од аеродромите со градот. Досега во Кина нема маглев линии на долги растојанија, но некои градови, вклучувајќи ги Шангај и Ченгду, почнаа со истражувања и во таа насока.

Со брзина од 600 километри на час, на возот би му требале само 2,5 часа да стигне од Пекинг во Шангај, а тоа е растојание од над 1.000 километри. За споредба, патувањето со авион трае три часа, а со обичен брз воз – 5,5 часа.

Возовите „Маглев“ се иднината и многу земји – од Јапонија до Германија, планираат да градат железнички „маглев“ мрежи. Но, тоа засега е попречено од високата цена на оваа технологија и несовпаѓањето со постојната инфраструктура.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...