Светска премиера на 10-та симфонија на Бетовен завршена од вештачка интелигенција

Пренос во живо 9 октомври, во 19 часот на MaxTV

На 9 октомври, 199 години по првите скици на Лудвиг ван Бетовен, ќе се одржи светска премиера на 10-тата симфонија - завршена со помош на вештачка интелигенција и тим меѓународни експерти. Настанот ќе се одржи на Телеком форумот во Бон а ќе се прикажува преку директен пренос на: MaxTV, инфо канал бр. 7, дигиталниот билборд на Плоштад Македонија и www.telekom.mk/beethoven од 19 часот. По премиерата, изведбата ќе остане достапна за гледање на MaxTV.



Под диригентската палка на Генералниот музички директор Дирк Кафтан, Оркестарот Бетовен ќе ја изведе светската премиера на 10-тата симфонија, но и 8 -та симфонија на Бетовен. Ќе се одржи и интересна панел дискусија со експерти за интеракцијата помеѓу човекот и машината, а ќе се дискутира и дали машините се креативни и дали нивната работа може да се смета за уметност. Комбинацијата на човечка и машинска креативност ќе биде единствено и незаборавно искуство за сите.

Еден од главните моменти на вечерта ќе биде настапот на прочуениот оргулист Камерон Карпентер, којшто музички ќе го придружува Оркестарот Бетовен во Бон во текот на четвртиот став на 10-тата симфонија.

Историја на 10-тата симфонија

Непосредно пред неговата смрт, Бетовен започнал да работи на 10-тата симфонија, дело што останало недовршено. Под диригентската палка на доктор Матијас Редер, група експерти за вештачка интелигенција и музиколози ја развија „Бетовен АИ“, којашто го „разбира“ стилот на Бетовен.

Вештачката интелигенција не само што беше „нахранета“ со композициите на Бетовен и неговите белешки за 10-тата симфонија; во неа беа вметнати и дела од композитори и музичари коишто несомнено го инспирирале и извршиле влијание врз Бетовен во текот на неговиот живот, како што е Јохан Себастијан Бах. Заедно со експертите, алгоритмот го продолжи последното, незавршено дело на Бетовен. Композиторот Валтер Верзова и Оркестарот Бетовен од Бон ја претворија оваа нотација во жива композиција под диригентската палка на Дирк Кафтан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...