Претставени шест нови дигитални решенија на млади од Западен Балкан

Апликации, мобилни платформи и дигитални системи со иновативни решенија во областа на е-трговија и мали бизниси, органска храна и земјоделие, паметни градови и мобилност, е-здравје и еко пластика, разработени од млади од шестте економии на Западен Балкан беа претставени денеска на четвртиот Дигитален самит на Западен Балкан, што се одржува во Подгорица.



Сите шест нови дигитални продукти се победници на вториот регионален натпревар Балкатон 2021 за најдобро дигитално решение, организиран од Советот за регионална соработка, јави известувачот на МИА.

Победник од Северна Македонија е тимот на ИСЛАА, претставен од Катерина Климовска, со својата платфотма за раст и поддршка на мали бизниси – „Акселера” – http://accelera.mk.

Акселера е платформа за помош и поддршка на растот на малите бизниси преку нивна промоција и пронаоѓање потенцијални клиенти. Овозможува поврзување на претприемачи, занатечии, артисти и твроци на рачни изработки со таргетирани маркет групи, истовремено помагајќи им во развојот на нивниот бизнис на лесен и едноставен за користење начин.

Апликацијата „Фармери до дома“ на тимот „ХЕСТ“ од Албанија, им овозможува на фармерите полесно да ги продадат своите органски производи онлајн поврзувајќи ги со луѓе кои бараат здрава, органска и локално произведена храна.

„Е-клиника“ од тимот од Босна и Херцеговина е онлајн платформа што овозможува закажување на лекарски прегледи на полесен, побрзи и поедноставен начин за клиентите, а исторевремено го олеснува и секојдневното менаџирање на клиниките. – www.e-klinika.net

Онлајн доктор – Клиника за е-здравје на „Косовска дигитална асоцијација“ од Косово, е иновативна платформа што овозможува брз и лесен пристап до здравствени услуги за пациентите преку онлајн консултации со доктори и здравствени експерти од регионот. www.ehealth-clinic.com

Такси апликација „Покупи.ме“ од Црна Гора – платформа што ги собира сите такси компании од Црна Гора на едно место и нуди безготовинско плаќање, со што го прави такси превозот побезбеден и поедноставен. https://pokupi.me/en/

Еколошка биоразградлива пластика произведена од „Бифрост“ тимот од Србија, е технолошко решение за еколошки пријателски биоразградлива пластика добиена од индустриски коноп. Тимот на „Бифрост“, освен машини за производство, нуди и тренинг за корисниците да отпочнат мало производство на индуструски производи на база на коноп кои може да ги заменат сличните продукти од пластика за еднократна употреба. https://bifrostbioplastic.com/

Програмскиот менаџер на настанот Маја Ханџиска Трендафилва, на промоцијата посочи дека од натпреварот произлегле шест одлични продукти, што може да се користат од граѓаните и бизнисот од регионот.

– Ги повикувам сите млади луѓе, старт-апи, претприемачи, студенти, дигитални хабови, научни паркови, универзитети да се приклучат на третиот Балкатон следната пролет. Можеби вашата идеја ќе биде победничка, порача Трендафилова.

Домаќин на Дигиталниот самит на Западен Балкан оваа година е Владата на Црна Гора, поддржан од Советот за регионална соработка (РЦЦ). Дигиталниот самит на Западен Балкан се одржува како дел од Берлинскиот процес и Програмата за заеднички регионален пазар за Западен Балкан. Првиот Дигитален самит на Западен Балкан се одржа во април 2018 година во Скопје, вториот се одржа во 2019 година во Белград, а третиот минатата година во Тирана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...