Мобилната апликација MAXTV GO отсега достапна и на AppGallery

Сопствената онлајн продавница за апликации на Huawei, AppGallery, секој ден се збогатува со нови локални и глобални апликации. Новиот додаток на AppGallery е мобилната апликација MaxTV GO со што корисниците на услугите на Македонски Телеком, отсега каде било и во кое било време ќе можат да ги следат сите домашни и странски ТВ канали од листата на достапни телевизии на MaxTVод својот Huawei мобилен телефон.



MaxTV GO нуди богата ТВ содржина, до 60 национални и странски ТВ канали, како и ексклузивните Арена спортски канали во висока резолуција (HD). Дополнително, услугата ги вклучува сите напредни функционалности на интерактивна телевизија како што се паузирање, премотување и враќање на програмата на почеток за одредени ТВ канали, потоа преглед на содржини од последните 3 дена за одредени канали, електронски програмски водич, како и потсетници за омилените содржини.

AppGallery е една од трите најголеми продавници за апликации во светот, која нуди широк спектар на глобални и локални апликации во 18 категории, вклучувајќи навигација и транспорт, вести, социјални медиуми и многу повеќе. Во портфолиото на AppGallery сите апликации се развиваат со највисоко ниво на безбедност гарантирана преку механизам за верификација, вклучително и верификација на корисникот, како и четворократна проверка на сигурност и заштита.

Компанијата неодамна го претстави својот нов паметен телефон – Huawei nova 9, кој на македонскиот пазар е достапен во две бои, Starry Blue и Black, во атрактивен дизајн, исклучително тенок и лесен, и целосно се полни за само 38 минути. Уредот предизвика голем интерес на пазарот, а истиот доаѓа со претходно инсталирана продавница за апликации, па така македонските потрошувачи може да уживаат во програмите на MaxTVGO и на својот нов nova 9.

AppGallery е достапна во повеќе од 190 земји и региони, со 560 милиони активни корисници месечно ширум светот. Од јануари до септември 2020 година, бројот на преземања од AppGallery достигна 384,4 милијарди, а компанијата соработуваше со 2,3 милиони програмери ширум светот. AppGallery постојано го збогатува своето портфолио, а основен фокусе обезбедување на најомилените и најкористените апликации од локалните даватели на содржини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...