Голем интерес за младинскиот предизвик – Генерација без граници, пријавете се!

Вчеравечер, во просториите на Телеком се одржа првиот ИНФО - ДЕН за третиот по ред младински предизвик: „Генерација без граници“ (Generation Unlimited), кој го организираат УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија.



Повеќе од 60 млади луѓе, средношколци и студенти подетално се информираа за годинешниот предизвик, на тема: „Технологија за планетата – Дигитални технологии за справување со климатските промени“.

Оваа година, предизвикот за млади го спроведува Центарот за социјални иновации БЛИНК 42 – 21. На вчерашниот настан, Марија Василевска од БЛИНК 42-21 зборуваше дека предизвикот е отворен за сите млади од 16 до 24 години коишто ќе се организираат во тимови од 3 до 5 ученици. Таа сподели и неколку факти во врска со климатските промени и важноста од преземање акција на денешните генерации.

На инфо – денот, учесниците имаа можност да слушнат и конкретни примери за веќе развиени мобилни апликации коишто придонесуваат за поздрава животна средина. Имено, Горјан Јовановски, основач на Air Care – Мој Воздух и Стефан Алексиќ, основач на Challenger.mk ги споделија своите лични искуства за развојот на овие мобилни апликации. Тие говореа за начинот на кој ја креирале и имплементирале својата идејата, но и за важноста истата да биде применлива, реално остварлива и одржлива во заедницата во која живееме, но и во други држави.



Во делот за дискусија, младите прашуваа за уникатноста на идеите, поставеноста на нивниот тим, вештините кои треба да ги поседуваат во оваа почетна фаза од предизвикот и сл.

Тие се уверија дека е доволно само да се креира квалитетна идеја, којашто во следните фази ќе се развива со поддршка од стручни ментори, кои имаат долгогодишно искуство во делот на животната средина и ИТ.



Повикот за овој младински предизвик е активен до 14-ти јуни, а во следните денови ќе бидат одржани инфо-сесии и во други градови. Младите можат да се регистрираат на овој линк.

На 31 мај (вторник), од 14:00 часот, ќе се одржи инфо-ден во Струмица, во просториите на Europe House. На 1 јуни (среда), младинскиот предизвик ќе биде претставен и пред средношколците и студентите во Крива Паланка. И овој настан, ќе се одржи во просториите на Europe House со почеток од 11:00 часот.

Младите луѓе секојдневно можат да се информираат за предизвикот преку следење на Facebook настанот: https://fb.me/e/2mQv4pCND.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...