Роботите наскоро би можеле да чувствуваат болка

Роботите наскоро би можеле да чувствуваат болка благодарение на развојот на нова електронска кожа која може да имитира непријатни сензации.



Научниците зад пронајдокот велат дека механичката рака опремена со паметна кожа покажала извонредна способност да научи да реагира на надворешни дразби како што е удирањето во дланката.

Таа користи систем за обработка на податоци базиран на „синаптички транзистори, кои ги имитираат мозочните нервни патишта“ за да чувствува болка.

Експертите со децении работеа на создавање на вештачка кожа со чувствителност на допир, со еден широко истражен метод кој содржи низа контактни сензори низ површината на електронската кожа, за да ѝ овозможат да детектира сигнал кога ќе дојде во контакт со објект.

Но, овие сензори обично произведуваат голем обем на податоци за кои е потребно подолго време за правилно да се обработат, со што се намалува потенцијалната ефективност на кожата во реалниот свет.

Тим инженери од Универзитетот во Глазгов сега создадоа нов прототип „е-кожа“ за кој веруваат дека е голем напредок во областа на роботиката чувствителна на допир.

Тие црпеа инспирација од тоа како човечкиот периферен нервен систем ги толкува сигналите од кожата со цел да се елиминираат одложувањата од претходните концепти. Штом човечката кожа добие сигнал, периферниот нервен систем започнува со процесирање на сигналот на местото на допир, редуцирајќи го на највиталната информација пред да го испрати до мозокот. Таа редукција на сензорни податоци овозможува ефикасна употреба на комуникациските канали потребни за испраќање податоци до мозокот, кој потоа веднаш испраќа реакција за телото да реагира соодветно.

За да создадат електронска кожа која го имитира овој процес, истражувачите испечатиле мрежа од 168 синаптички транзистори направени од наножици од цинк-оксид директно на површината на флексибилна пластична површина.

Потоа го поврзале синаптичкиот транзистор со сензорот за кожа преку дланката на роботска рака. Сензорот регистрира промена во неговиот електричен отпор кога се допира, при што лесен допир одговара на мала промена додека посилниот допир создава поголема промена.

На овој начин вештачката кожа е дизајнирана да го имитира начиното на кој сензорните неврони работат во човечкото тело.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...