Твитер трајно ќе ги суспендира профилите-имитатори

Твитер трајно ќе ги отстранува корисниците кои имитираат автентични профили на платформата, открива новиот сопственик Илон Маск.



-Во иднина, секој Твитер-профил кој ќе се занимава со имитирање на некого, без јасно да се наведе ‘пародија’ ќе биде трајно суспендиран. Претходно издававме предупредување пред отстранувањето, но сега кога воведуваме широка верификација, и нема да има предупредување, твитна Маск.

Илон Маск исто така рече дека каква било промена на името ќе предизвика привремено губење на ознаката „проверено“. Овој потег уследи откако платформата, наводно, ги отстранила корисниците кои ги сменија своите кориснички имиња во Илон Маск, вклучувајќи ги и оние на американската комичарка Кети Грифин и на актерот Рич Сомер.

По случајот со Грифин, Маск на Твитер напиша дека таа е банирана „зашто се претставувала како комичар“.

Тој сега може да ѝ го врати профилот, „ако таа навистина го сака тоа – за осум долари“, напиша новиот сопственик на Твитер.

Маск го приврши своето преземање на платформата од 44 милијарди долари минатата недела, веднаш намалувајќи го бројот вработени и воведувајќи месечна претплата за потврдување веродостојност на профилите на корисниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Која е најголемата навреда во Шкотска?
- Ќе ми платиш ти за тоа!

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1556.- Во Рим свечено е осветено грандиозната...
1606.- Роден е Харменсон ван Рајн Рембрант,...
1904.- Во Бадевалер умре Антон Павлович Чехов,...
1944.- Во Штип бугарските фашисти ја убија Вера...