Илон Маск: Нема доволно средства за АИ проектот „Ѕвездена капија“

Американскиот претприемач Илон Маск изрази сомнеж во изводливоста на амбициозниот инфраструктурен проект за изградба на дата-центри на компанијата OpenAI во САД, наречени „Ѕвездена капија“ (Stargate), истакнувајќи дека инвеститорите нема да успеат да ги обезбедат планираните 500 милијарди долари.



Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека инвеститори, меѓу кои јапонската SoftBank и блискоисточниот фонд MGX, ќе обезбедат средства за „Ѕвездена капија“, но Маск тврди дека SoftBank нема доволно капитал, пренесува TechCrunch.

„Тие всушност немаат пари“, напиша Маск на својата социјална мрежа Икс.

„SoftBank има обезбедено помалку од 10 милијарди долари. Имам проверени информации за тоа“, додаде тој. Неколку часа подоцна, во одговор на објава која го критикува извршниот директор на OpenAI, Сем Алтман, Маск напиша: „Сем е измамник“.

На ова, Алтман одговори: „Неточно, како што добро знаете“.

Алтман истакна дека проектот „Ѕвездена капија“ е важен за САД. „Разбирам дека она што е добро за земјата не секогаш е оптимално за вашите компании, но во вашата нова улога, се надевам дека ќе го ставите САД на прво место“.

Маск ќе го предводи Одделот за ефикасност на владата (DOGE), советодавна комисија на САД која има задача да предлага значителни кратења на финансиите на федералните агенции.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...