Основачот на Wikipedia Џими Вејлс го создаде новиот ривал на Google, пребарувачот Search Wikia. Тест верзијата на овој open-source пребарувач би требало да "оживее" наредната недела. Search Wikia нема да ги дели информациите со компаниите кои се рекламираат и нема да ја нарушува приватноста на корисниците.
Во SETI@home-style проект, 500 волонтери работат на последните тестови и подготовки. До сега Search Wikia има вкупно 100 милиони страници. Џереми Милер, кој е шеф на технологијата на овој проект се надева дека алфа верзијата на пребарувачот ќе биде спремна да се појави до Божиќ. Освен пребарување ќе бидат понудени wiki-style алатки за да се подобри барањето. Корисниците ќе можат и да гласаат за ефективноста на Search Wikia.
Милер изјавил: "Алфа верзијата ќе има грешки кои сега не можеме да ги предвидиме но тоа ќе ни помогне да се подобриме". Затоа не очекувајте премногу во првиот момент.