Мобилниот телефон Motorola Atrix, кој може да се поврзе и со други уреди и да се претвори во лаптоп, може конечно да биде вистинскиот конкурент на iPad и да ја прекине неговата доминација на пазарот, пишува Daily Mail.

Motorola Atrix ги импресионираше експертите за гаџети откако беше претставен во почетокот на годинава. Експертите го нарекоа „убиец на лаптопите“.
Овој smart телефон може да се претвори во целосно функционален лаптоп споен со екран и тастатура. Двете компоненти треба да се купат засебно.
Магазинот посветен на технологијата, кој се вика T3, признанието за најдобар гаџет го додели токму на уредот на Motorola наместо на iPad.

- Признанието му припадна на Motorola Atrix бидејќи воведе големи промени на пазарот. iPad-от на Apple е повеќе еволуција отколку револуција. Atrix навистина може да го промени нашето мислење за мобилните. Тој е извонредно моќен и мултифункционален, ни покажа дека мобилните телефони може да понудат уште корисни иновации и намени. Овој мобилен станува вистински лаптоп кога ќе го споите со екран и тастатура. Никој за сега не знае дали Apple има асови во ракавот. Atrix за сега е во предност бидејќи покажа нешто ново. Исто така, ова е предупредување за Apple дека мобилен како Atrix, кој го користи оперативниот систем Android, има сè поголемо учество на пазарот, изјави Лук Петерс, уредник на магазинот T3.

Сепак, продажбата на iPad оди добро. Тоа го потврдија официјални лица на Apple.