Најпопуларната социјална мрежа постојано ја следи лош имиџ во врска со приватноста на корисниците. Компанијата работи на подобрување на својот углед, но сега повторно се најде сред нов скандал.
Имено, деновиве се откри дека со помош на модифицирано cookie, Facebook ги следи вашите онлајн актинвости дури и откога ќе се одјавите од тој сервис. Така барем тврди хакерот Ник Чубрилович на својот блог.
Отакако ги анализирал HTTP хедерите кои интернет прелистувачите ги праќаат на страната facebook.com, Ник открил дека Facebook, во моментот кога ќе се одјавите, го менува cookie-то наместо целосно да го избрише, заради што и понатаму може да го следи она што го правите.
Тоа всушност значи дека одјавувањето од Facebook не е доволно, бидејќи ако посетите интернет страница која содржи Facebook plugin, вашиот прелистувач и понатаму ги праќа вашите лични информации на Facebook.
Едниствениот начин Facebook да не може да знае кои сте вие додека сурфате е да ги избришете сите негови cookieѕ кога ќе се одлогирате.