Apple денеска ќе го претстави iPhone 5, iPhone 4S или и двата?

Американската компанија Apple ќе го претстави својот нов iPhone денеска на конференција која што е закажана во 19:00 часот по македонско време. Но, сè уште не е познато дали директорот на компанијата Тим Кук ќе го претстави iPhone 5, iPhone 4S или и двата мобилни.

Многу веруваат дека новиот iPhone ќе има супербрз A5 Apple чип, 1GB RAM и моќна камера од 8 мегапиксели, како и нова апликација Camera.

Други извори велат дека новата апликација вклучува и фото филтри. Но, постојат прашања на кои, изгледа, никој надвор од Apple не ги знае одговорите. Сè уште не е познато дали новиот iPhone ќе има поголем екран, поинаков дизајн, дали денес ќе бидат претставени еден или два мобилни.

Многумина би се разочарале доколку Apple не го претстави iPhone 5. Досегашните шпекулации ја уверија јавноста дека ќе биде претставен iPhone 5, а доколку не се случи тоа, тогаш тоа може негативно да влијае на продажбата.

Во минатото iPhone 3GS беше вистински продажен хит кој ги надмина сите очекувања. Потоа iPhone 4 стана најпродаван мобилен во САД. Тоа значи дека моделите на Apple традиционално успеваат да ги надминат своите претходници во продажбата благодарение на комбинирањето на дизајнот, софтверот и маркетингот.

Фановите на Apple со iPhone 4S би можеле накратко да се разочараат, но дефинитивно ќе стојат во редовите пред продавниците, а компанијата ќе продолжи да ги продава овие мобилни како вкусни колачиња, без оглед која ознака би ја носеле.

Останува да почекаме денеска до 19:00 часот за да добиеме одговор на прашањето, „Дали Apple ќе го претстави iPhone 5?“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...