Apple го претстави новиот iPhone

По до сега невидена количина на шпекулации, засилени со неодамнешното заминување на Стив Џобс од директорското место од компанијата и каснењето на новиот iPhone кој обично се претставува во јуни, Apple конечно ја претстави новата генерација на тој уред.

Apple iPhone 4S. Така се вика новиот iPhone, и името веднаш открива за што се работа: еволуциска надградба на постоечкиот iPhone 4.

iPhone 4S доаѓа со двојадрен процесор, до седум пати побрза графика и 8MP камера со која ќе може да се снимаат 1080p видео записи.

Она што можеби најмногу не воодушеви е апликацијата Siri. Првиот чекор кон вештачката интелегенеција е направен. Имено, на Siri можете да и поставите прашања, а таа ви ги одговара. На пр. можете да ја прашате „какво ќе биде времето денеска“ и „дали ќе ми биде потребен чадор“, на што Siri ќе одговори со точните временски податоци, но и со информацијата дали ви е потребен чадор или не. Исто така со помош на оваа апликација веќе нема да биде потребно вие да пишувате СМС порака, туку ќе биде треба само да ги изговорите зборовите, а Siri ќе ги напише.

iPhone 4S во САД ќе започне да се продава од 14-ти октомври по цена од 199 долари за 16GB, 299 за 32GB и 399 за iPhone 4S 64GB, додека обичниот iPhone 4 од 8GB во САД ќе се продава по цена од 99 долари доколку корисниците потпишат двегодишен договор со операторите со кои Apple има потпишано соработка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...