- Корисниците на 3 Max пакетите, покрај намалувањето на цената до 20 отсто, како дополнителна придобивка добиваат неограничен MaxADSL интернет и неограничени бесплатни разговори
- Македонски Телеком воведува и нов 2 Max Basic пакет којшто вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, кој може да се добие за само 799 денари месечно
- Ексклузивно, корисниците на MaxTV со новата опција „ТВ-тека“ можат да ја гледаат програмата од последните три дена која што ја пропуштиле
- Во месечната претплата од 499 денари месечно за фиксна телефонија вклучени се неограничени бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком

Водени од идејата своите висококвалитетни услуги да ги направи достапни за што поголем број на граѓани, следејќи ги при тоа различните потреби и можности на корисниците, Македонски Телеком воведува атрактивни новитети и го збогатува своето портфолио со дополнителни вредности. Од 1-ви Мај стартува магична понуда која во себе вклучува нови придобивки и намалени цени на фиксното портфолио на Македонски Телеком дури и до 20 отсто!
Во рамките на новините, Македонски Телеком обезбеди екстра поволности и дополнителни вредности за сите свои корисници, како за претплатниците на говорните услуги, така и за корисниците на интернетот и на најдобрата дигитална телевизија MaxTV.
Од почетокот на мај, Македонски Телеком ќе ја намали цената на 3 Max пакетите, која веќе се движи од 1.199 денари и обезбеди дополнителна вредност за корисниците. Сега, покрај тоа што ќе можат да уживат во високиот квалитет на сликата и уникатните карактеристи на најдобрата дигитална телевизија како што се премотување на програмата во живо, снимање или паузирање, корисниците на 3 Max пакетите како бенефит добиваат неограничен интернет и неограничени бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком.
Во рамките на новитетите, Македонски Телеком го збогати и 3 Max Comfort пакетот со поволности по вкус и мерка на секој корисник. Покрај големиот избор на канали за секој член од семејството, неограничениот интернет и бесплатните разговори, во 3 Max Comfort пакетот отсега е вклучен и мобилен интернет со сообраќај од 2 GB, бесплатен HBO пакет, како и неограничени бесплатни разговори од фиксната мрежа кон 50 држави.
Македонски Телеком воведува и нов 2 Max Basic пакет којшто вклучува говорни услуги и MaxTV телевизија, кој може да се добие за само 799 денари месечно.
Покрај ова, MaxTV услугата е збогатена со уште една нова и уникатна карактеристика – „ТВ-тека“ која го подобрува севкупното ТВ уживање. Опцијата „ТВ-тека“, ексклузивно на MaxTV корисниците им овозможува да ја гледаат програмата од последните три дена која што ја пропуштиле, без притоа да ја имаат снимено истата.

Следејќи ја својата стратешка определба за развој на гигабитно општество и подигнување на степенот на употребата на интернетот во државата, Македонски Телеком ја намали цената и истовремено го зголеми интернет сообраќајот на Call & Surf пакетите. Па така, најдобриот и најбрзиот интернет од Македонски Телеком достапен е веќе по цена од 799 денари со вклучен ДДВ.
Македонски Телеком обезбеди поволности и за корисниците на говорните услуги. Па така, од почетокот на Мај, во месечната претплата од 499 денари се вклучени неограничени бесплатни разговори во мрежата на Македонски Телеком, со што корисниците на говорните услуги отсега имаат можност за опуштени и долги разговори со своите најблиски
„Како најдобар интернет и ТВ провајдер, целта на Македонски Телеком е да овозможи квалитетен, брз и стабилен интернет пристап и најдобра интерактивна телевизија за целата популација во Македонија по достапни цени. Од друга страна, мисијата на Македонски Телеком е на своите корисници да им ги овозможи најдобрите услуги коишто не се креирани само според нивните навики и потреби, туку се прилагодени на нивните финансиски можности. Со намалувањето на цените на услугите од нашето портфолио го следиме пазарот, но пред сè ги пресретнуваме барањата на корисниците за поголема достапност на нашите услуги, кои што се број еден на пазарот“, изјави Даниел Сас, главен извршен директор на Македонски Телеком.