Microsoft сериозно ќе го нападне Apple со новиот Office

Microsoft ја претстави најновата верзија на Office, прва која е дизајнирана специјално за таблет компјутерите. Новиот Office реагира на допир, но и на командите внесени преку тастатура (стариот и добро познат начин). Стив Балмер, извршниот директор на Microsoft, оваа верзија ја опиша како најамбициозна до сега.

Microsoft се надева дека со ова тие на голема врата ќе влезат на пазарот за таблет компјутери каде што главниот збор го има Apple со својот iPad. Од компанијата исто така најавија дека ќе се вклучат во трката со Apple откако ќе го промовираат својот таблет наречен Surface.

Од Microsoft изјави дека новиот Office е дизајниран пред се како сервис, со цел програмите да бидат користени на повеќе уреди конектирани на интернет.

Програмите како Word и Excel документите ќе ги чуваат онлајн преку сервисот SkyDrive. Програмите ќе ги помнат поставувањата, вклучувајќи ги и информации за она што последно било направено на документот.



Од Microsoft не прецизираа кога новиот Office ќе излезе во продажба или пак колкава ќе биде неговата цена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...