Рецензија iPhone 5

iPhone5 – најдобриот досега

Вчера, на специјална конференција во Сан Франциско, Apple го претстави она што милиони потрошувачи и фанови ширум светот со нетрпение го очекуваа – конечно пристигна iPhone 5.

Уште минатата година многумина шпекулираа дека ќе се појави, но тогаш овошната компанија го претстави iPhone 4S што за многумина беше разочарување бидејќи Сите го чекаа „петката“. Иако после тоа имаше многу критики и „мрчења“,сепак уште повеќе беа нестрпливи конечно да видат нова верзија од револуцијата наречена iPhone која што ја започна Стив Џобс пред неколку години.

И кој чека, ќе дочека.

На специјалната конференција за таа намена, одржана во Сан Франциско, Apple конечно го претстави iPhone 5. Според Филип Шилер, потпретседател на компанијата одговорен за маркетинг ова е „најубавиот продукт кој компанијата некогаш го произвела. “. Потенок, полесен но и со поголем екран од неговиот претходник, целосно изработен само од стакло и алуминиум, новиот iPhone 5 едноставно изгледа неодоливо. Класично, се произведува во бела и црна варијанта, а ќе биде достапен веќе од 21 септември во САД и неколку други земји, додека до крајот на годината ќе може да се купи во преку 100 земји, барем така најавуваат од Apple.

Што е она што толку многу го очекуваа милионите фанови низ светот? Според официјалното соопштение, со дебелина од само 7,6 мм iPhone 5 е најтенкиот смартфон во светот. Полесен е од претходникот, но не на сметка на една од најважните карактеристики кога станува збор за смартфоните – екранот, напротив. Сега тој е 4 инчи (претходните беа 3,5) со Ретина квалитет (326 пиксели на инч) или вкупна резолуција од 1136х640 пиксели. Со новата димензија корисниците добиваат простор за уште еден ред икони од нивните омилени апликации.

iPhone 5 е исто така, првиот телефон од Apple кој ќе ги подржува 4G мрежите, а тука секако се и останатите протоколи за комуникација и пренос на податоци. Новите опции и можности бараат и нова хардверска поддршка за нивна реализација,. За тоа тука е задолжен новиот A6 чип кој иако е помал од претходниот сепак во просек е два пати побрз, во зависност од тоа кој вид на апликација се отвора и за што се користи.



Главната камера на iPhone 5 е 8 мегапикеслената iSight камера и сместена е на задниот дел од телефонот. Од Apple истакнуваат едека токму 8 мегапикселните камери се покажале како најкористени и најпопуларни кај корисниците, па затоа и го задржале истиот квалитет како и кај iPhone 4S со таа разлика што сега истата е за 25% помала од онаа на претходникот, но со нови опции. Како на пример, Панорама модот со кој може да се креира панорамска слика составена од повеќе фотографии со вкупна големина од 28 мегапиксели. На предната страна пак е т.н. FaceTime камера која служи за видео разговори и автопортрети. Снима во HD резолуција (720p) и со неа заедно со 4G поддршката јасните и чисти видео разговори веќе се стандардна опција за iPhone 5. Снимениот материјал може да се складира во внатрешната меморија која е во распон од 16 до 64 гигабајти, или пак во iCloud – cloud базираното решение на Apple до кое може да пристапите од било кој Apple уред.

Гледано и од софтверска страна iPhone 5 има со што да се пофали. Со новиот iOS 6 кој беше презентиран пред неколку месеци и за кој од компанијата производител тврдат дека е најдобриот мобилен оперативен систем на денешнината, навистина ќе може да се искористат сите овие хардверски, мемориски и телекомуникациски можности. Со повеќе од 200 нови функции и можности во споредба со претходниот новиот iOS6 ќе понуди и некои ексклузивни новитети како што се новите мапи кои сега во целост се изработени во Apple, потоа подобрените функции на виртуелниот асистент Sire која сега „разбира“ повеќе јазици различни од англискиот, а тука е интеграцијата со Facebook како преку апликациите, така и преку контактите од каде што сега ќе можете без проблем да комуницирате со пријателите кои имаат свој профил на оваа популарна мрежа.



И кога станува збор за батеријата, податоците се импресивни. Иако ќе ги земаме со мала доза на резерва (бидејќи во реалниот свет ситуацијата е малку поинаква отколку во лабораториите каде што се вршат мерењата) сепак од Apple ветуваат дека iPhone 5 без проблем ќе работи до 8 часа зборување во 3G мрежата, до 10 часа сурфање во Wi Fi опкружување, 10 часа видео и 40 .часа репродукција на музика, а во stand by мод би имало доволно енергија за скоро 10 дена (225 часа)



Можеби ова не е најдобриот телефон на светот (во ова ќе се согласат сите поддржувачи на најдобрите Android базирани модели), но секако е најдоброто од Apple и веруваме дека во претстојните месеци кои воедно се и месеци на празници продажбата на ова ново „чедо“ на овошната компанија ќе сруши многу рекорди и тоа ако судиме само според она колку луѓе со нетрпение го очекуваа и го бараа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...