СМС и Твитер – забранети за деца под 14?

Користењето на СМС и Twitter би требало да се користат децата над 14 годишна возраст, предлага еден влијателен германски лингвист. Тој смета дека овој вид на комуникација го осиромашува јазикот.

Децата би требало да користат СМС и Twitter дури откога ќе наполнат 14 години, вели Ханс Зехетмаир. Но неговото барање не е дочекано со одушевување, а не го подржаа дури ни неговите колеги.

Зехетмаир во разговор со германската новинска агенција DPA, изјави дека користењето на кратки пораки предизвикува осиромашување на германскиот јазик. Тој вели дека пред се кај младите не е забележан само значително помал вокабулар, туку и полош правопис.

Но не мислат сите исто. Веднаш лингвистот Карл Диетер Бунтинг даде изјава за германските медиуми во која тврди дека СМС-от е близок на луѓето поради својата лежерност и има целосно поинаков емоционален квалитет од писмото. Тој смета дека новиот начин на комуникација не го уништува јазикот туку дека отвора нови можности за изразување и дека краткиот начин на изразување ја поттикнува имагинацијата, пренесува Deutsche Welle.

Лингвистот Урлих Амон пак предупредува дека јазикот со кој се служиме во пишувањето на СМС пораките е секојдневен јазик, кој од секогаш бил лежерен од оној книжевниот па со тоа тој никако не го загрозува.

Наспроти тимот на научници, задругата за Германски јазик со средиште во Дортмунд го подржува Ханс Зехетмаир.

“Германскиот јазик премалку се негува и паѓа на поединечни области“, вели шефот на задругата Холгер Клате. Тој смета дека на германскиот јазик како училишен предмет му се придава многу малку важност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...