Apple се враќа на врвот со нови модели

Секоја година, со секој нов модел, Apple го надминува моќниот Android. Оваа година, произведувачите на iPhone открија два нови модели на паметни телефони, iPhone 5C и iPhone 5S, кои веќе предизвикаа голема заинтересираност меѓу потрошувачите.

Произведувачите се одлучија за пластичен модел со многу помала цена од претходните модели, а овој нивен потег со сигурност ќе ги задржи на врвот уште долго време. Многумина сметаат дека ова е очајна понуда, со цел да ги привлечат купувачите на Samsung телефони и да ги придобијат со нивните нови и пластични модели.

На настанот кој беше организиран специјално за промоција на овие два модели, Тим Кук, извршниот директор на Apple, изјави дека со произведувањето на iPhone 5C и iPhone 5S, произведувањето на iPhone 5 нема да продолжи.

 

iPhone 5C има 4 инчен екран со ист А6 процесор како и iPhone 5, додека iPhone 5S има А7 процесор, кој е два пати побрз од А6 процесорот. Она што е интересно и ново кај iPhone 5S моделот е Touch ID Sensor, копче кое ви го скенира прстот и преку кое можете да купувате различни апликации. Тоа е препознатливото копче, но овој пат е со 170 микрони тенок сензор.

- Со само едно притискање на копчето, вие можете да го отклучите вашиот телефон и во исто време да купите апликација од iTunes, изјави Фил Шилер, потпретседателот задолжен за маркетинг.

Графиката во iPhone 5S е пет пати појасна од графиката кај 5-ката. Исто така, овој нов модел располага со 10 часа 3G разговори и дури 250 часа расположлива батерија! Користени се специјално дизајнирани леќи со цел камерата да слика појасно, а екранот да биде посликовит. Камерата има карактеристики на сликање повеќе фотографии, комбинирајќи ги нивоата на светлина и одбирајќи ја најдобрата, што е случај и со камерата на Samsung Galaxy S4.

Златна, сребрена и сребрено-вселенска се боите кои можете да ги избирате за iPhone 5S, а пластичниот модел е достапен во зелена, сина, жолта, розова и бела боја.

iPhone 5S почнува со цена од 199 па до 399 долари, во зависност од расположливата меморија, додека iPhone 5C со развојот на производството се очекува да чини 99 долари. Овие модели ќе можат да се нарачаат предвремено и тоа на 13 септември. Новиот софтвер кој беше прикажан во јуни месец оваа година, е надграден и ќе биде пуштен во употреба веќе од 20 септември. За една ноќ се очекуваат милиони корисници да го надградат својот стар софтвер.

Продажбата на Apple се намали за 14%, поради пониските цени на Samsung телефони и неинтересниот iPhone 5. Меѓутоа од Apple очекуваат дека новите, пластични и доста поевтини паметни телефони ќе ја зголемат нивната побарувачка. Тие овој пат се потрудија да направат телефон кој ќе биде мошне интересен и корисен за корисниците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Кога се машките најпаметни?
Пред секс, за време на сексот или после сексот?
За време на сексот.
Зошто?
Затоа што тогаш се директно вклучени во интелегенцијата.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1442.- Роден е англискиот крал Едвард IV, водач...
1758.- Роден е американскиот државник Џејмс...
1789.- Побунетиот екипаж на англискиот брод...
1813.- Во Болеславец, Полска, умре Михаил...