Google не може да го патентира зборот glass

Обидот на Google да го регистрира зборот Glass како заштитен знак на неговите електронски очила е блокиран од страна на Агенцијата за патенти и жигови.



Компанијата е само една во долгиот ред на оние кои би сакале да регистрираат таков збор, а експертите велат дека Glass е премногу генерички збор за да може да биде патентиран.

Google, пак од друга страна тврди дека станува збор за целиот уред, што вклучува и рамка, а не само компоненти од стакло.

Иако Google веќе го регистрираше терминот Google Glass како заштитен знак, извештајот објавен во Wall Street Journal оваа недела открива дека Агенцијата за патенти и жигови го блокирала обидот да се регистрира зборот Glass.

Според извештајот, главниот истражувач имал две забелешки, првата се однесувала на тоа дека многу компании регистрирале називи на производите кои во себе го содржат тој збор, па тоа би можело да ги збуни корисниците.

Другата забелешка е дека зборот glass (стакло) е само дескриптивен, генерички термин кој не може да биде заштитен според американскиот федерален закон.

Адвокатите на Google напишале писмо од 1.928 страни до владата како одговор на одлуката од Агенцијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...