Иднината пред нас: 3D тату мајстор

Тројца студенти од познатото училиште за дизајн ENSCI les Ateliers од Париз, во рамките на еден натпревар под покровителство на министерството за култура на Франција, за само осум часа успеаја да претворат MakerBot 3Д печатач во роботизиран тату мајстор.



Откако ги прилагодија хардверот и софтверот на 3Д печатачот со пиштол за тетовирање, студентите целото време го потрошија на местење на системот да биде во состојба да пишува на човечка кожа која е мека и се витка и има неправилни форми, што е за 3Д печатач многу тешка задача, бидејќи е изработен така да секогаш работи на материјали со иста тврдост.

Затоа некое време експериментирале со силиконски модел на рака, а пота на раката на печатачот поставиле фломастер, за да на крај да го опремат со вистински пиштол за тетовирање. Потоа пронашле доброволец кој прифатил 3Д печатачот да го боде по кожа со игла и мастило, по што можел гордо да замине дома со тетовиран круг, односно првата вистинска тетоважа која некогаш на некого му ја направил 3Д печатач.

Иако студентите се сложуваат дека за машинско тетовирање би била по погодна некоја роботска рака какви што се користат во хирургијата, со чија помош мајстор за тетовирање од Њујорк би можел да тетовира некој клиент во Барселона. Ова е посебно по тоа што 3Д печатачот автономно тетовира според однапред нанесен шаблон.

3D PRINTER X TATTOO MACHINE / EP 02 from appropriate audiences on Vimeo.



Секако ова е далеку од комерцијална примена во реалниот живот, бидејќи 3Д печатачот за тетовирање би морал да биде значително попаметен и опремен со камера и сензори за да е во состојба да има поврат од допирните информации за да може да ја прилагодува својата работа на еластичноста на кожата, како и да ја корегира изработката на тетоважата според движењето на луѓето, со оглед дека е невозможно да се очекува дека клиентот ќе биде апсолутно неподвижен.



Па токму поради сево ова што е наведено, тату мајсторите подолго време нема да мора да се плашат дека 3Д печатачите ќе им ја земат работата, бидејќи тоа би можеле да го изведат само најнапредните роботи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...