GG – Добра игра ... да им дадеме шанса!

Македонија има преку 100 играчници, Америка годишно од гејминг заработува преку 62 милијарди долари, играњето игри не е штетно, а на Македонија дефинитивно и треба нова емисија за гејминг култура бидејќи, така слушнавме, последната специјализирана била во минатиот век.

Ова се само дел од информациите кои можевме да ги видиме од интересно направеното промотивно видео (т.н. тизер) во кое презентерот, а воедно и авторот на проектот „GG – Добра игра“ – Горазд ги сподели со нас презентирајќи го овој интересен проект. Станува збор за видео подкаст, кој ќе биде работен по најновите стандарди за овој тип емитување, ќе се емитува два пати неделно на интернет, а ќе обработува теми од гејминг културата, притоа обидувајќи се да ја креира и развие истата барем на приближно ниво до она на кое таа се наоѓа во развиениот свет. Според она како е замислено, навистина изгледа интересно, затоа што овде гејмерите не се претставуваат како гикови кои што се одделени од реалниот свет и кои што умираат на тастатура и џојстик, туку на гејмингот се гледа како на сериозен бизнис (кој според некои пишувања веќе го надминува Холивуд и филмската индустрија), воедно добра и здрава забава, како и платформа за дружење, контактирање и секако, натпреварување помеѓу гејмерите од целата планета.

Но за тоа да успее потребни се средства. Не многу, но сепак се неопходни за да се започне со реализацијата. За таа цел на letsfundit.mk – првата македонска платформа за групно вложување, Горазд и соработниците кои ќе работата на проектот, поставија барање за финансирање (https://www.letsfundit.mk/Home/ProjectDetails/130) се со цел да ја соберат бараната сума од 180.000 денари, неопходни за старт и реализација на идејата. Иако веќе се собрани дел од средствата сепак времето одминува и има само уште 2 дена. Ние се приклучуваме во повикот до сите кои што можат да одвојат од 300 денари па нагоре и сакаат да го направат тоа, да ја посетата страницата на проектот и да донираат. Покрај пригодните подароци, секој вложувач ќе може подоцна да каже и да се пофали дека и тој бил дел од она што се надеваме наскоро ќе биде доста успешен проект.

Со среќа...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...