Интернетот ја „уби“ Мајли Сајрус

Мајли Сајрус е најновата ѕвезда која стана жртва на „смртните online измами“. Смртта на Мајли е Facebook измама која е дизајнирана со цел луѓето да кликнат на линкот и да се шират online анкети за да се заработат пари, објаснуваат од MTV Австралија.



Се започна во саботата на 19 јули, кога се појавила фотографијата која ја прикажува Мајли како наводно лежи предозирана. Со фотографијата стои и насловот {Шокантно} Мајли Сајрус пронајдена мртва во својот дом во Лос Анџелес.

Во случај ако фотографијата ви изгледа познато, станува збор за Мајли Сајрус која се појавува во музичкиот спот за „Blonde SuperFreak Steals the Magic Brain“ со бендот Flaming Lips и изведувачот Moby. Спотот е објавен на почетокот на овој месец.

Намерата е секако да се натераат бројните фанови на популарната пеачка да кликнат на спотот и така да заработат пари измамниците кои ја шират оваа лага.

За жал Мајли не е прва славна личност, која е „убиена“ на интернет. Во март минатата година ѕвездата на серијата „Seinfeld“, Вејн Книгхт беше прогласен за мртов по сообраќајна несреќа.

Вo април пак, со хаштагот #RIPJenniferLopez започна трендот за жалење на мртвата Џенифер Лопез на Twitter.

Порано имавме можност да видиме слични измами со смрт на Пол МекКартни, Селен Дион, Морган Фримен, Еминем, Шер, Том Хенкс и други.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...