Се намалува побарувачката на апликации

Апетитот на корисниците на паметните телефони за новите апликации полека се намалува а просечниот број на симнати апликации по корисник е во константен пад, пренесува Telegraph.



Скоро еден од тројца корисници (31%) на паметите телефони во Велика Британија во текот на месецот не симнува ниту една апликација, судејќи според извештајот на компанијата Deloitte, станува збор за голем пад во споредба со еден од пет корисници минатата година.

Просечниот број на апликации кои некој ги симнува во текот на месецот падна од 2.32 на 1.82, но ова сепак не значи дека пазарот се намалува.

Од Deloitte тврдат дека овој пад во бројот на преземени апликации е забележат поради тоа што дошло до раст на бројот на корисници кои имаат повеќе од 50 години.

“Новите корисници во поодминатите години своите паметни телефони ги користат за испраќање на текстуални пораки. Доколку погледнете кој ги користи IM сервисите како што се WhatsApp и WeChat, ќе видите дека станува збор за млади корисници“, изјави Пол Ли од компанијата Deloitte.

Другите причини за овој пад се однесуваат на тоа што долго годишните корисници веќе имаат свои омилени апликации.

“Многу е лесно да се направи апликација, но е многу тешко да убедите некој да ја преземе, затоа моментално имаме голем пазар кој се однесува на препорачаните апликации, бидејќи луѓето најчесто своите избори ги темелат на тоа кои апликации ги користат нивните пријатели“, додава за крај Ли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...