Лесно до микрофон за прислушување?

Компјутерските научници и експерти за сигурност од Универзитетот Stanford и нивните колеги од израелската воена истражувачка група Rafael, успеаја да претворат жироскоп на паметен телефон во микрофон со кој ќе можат да прислушуваат разговори.



Иако е веројатно дека никогаш не би помислиле дека сензорите кои му овозможуваат на телефонот да препознава и да се ориентира и користи за видео игри може да се претвори во микрофон, научниците откриле дека жироскопите можат да ги соберат фреквенциите на звучните сигнали околу себе, а тие вибрации потоа се декодираат со посебен софтвер, што на крајот овозможува прислушување на разговори со функционалност од 65%.

Треба да се нагласи дека израелските и американските експерти ова го изведоа без никаква дозвола од трета страна, односно од корисникот кој сакаат да го прислушуваат, што е основна разлика во односот на хакирање на самите микрофони со помош на малициозен софтвер.

Софтверот препознава движења на 200 Hz, што значи дека сензорите можат да детектираат вибрации  во распонот на човековиот глас.

Иако квалитетот на звукот добиен со декодирање на вибрациите не овозможува добивање на чист звук на говор како кога се снима со вистински микрофон, експертите за прислушување нема да имаат никакви потешкотии да препознаат се што се говори со помош на своите алгоритми за препознавање на говор.

Оваа техника за искористување на жироскопот како микрофон за прислушување на разговори, експертите ќе ја презентираат на Usenix конференцијата за сигурност која наскоро ќе се одржи во Сан Диего.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...