Страв од губење на паметниот телефон

На многумина не им е потребна науката да им објасни дека сме опседнати со паметните телефони. Но, постои цело богатство од истражувања кои го опишуваат ефектот на допамин, неутротрансмитер кој на мозокот му испраќа пулсови во центарот задолжен за задоволство и награда за секој нов твит или пост. Овој вид на зависност може да се спореди и со потребата за никотин, дрога или коцкање.



Меѓутоа, новата студија нуди поинакво објаснување за оваа наша опсесија. Не станува збор за зависност која не тера телефонот постојано да го држиме во рака, тврдат истражувачите, туку анксиозност поради можното губење на уредот преполн со лични податоци.

Тие исто така тврдат дека за оваа состојба постои лек, или барем начин анксиозноста да се намали, а тоа се бек ап системи или безбедносни мерки кои ги чуваат нашите податоци.

Објавена во последното издание на журналот „International Journal of Mobile Communications“, студијата ја спроведоа канадските истражувачи од Универзитетот McMaster во Онтарио.

Тие објаснуваат дека со растот на моќта на паметните телефони расте и количината на податоци кои во нив ги носиме, станува збор за чувствителни и незаменливи податоци. Тоа можат да бидат лични контакти, драги фотографии или доверливи податоци во врска со финансиите.

Секој кој изгубил уред, знае за губењето на овие ресурси дека може да се претвори во несреќен настан и да преставува трауматично и анксиозно искуство.

Канадските истражувачи откриле дека многу мал број на корисници знаат како да ги заштитат своите податоци во ситуација кога ќе останат без паметниот телефон или ако дојде до некој проблем со оперативниот систем.

Затоа истражувачите ја нагласуваат важноста за организирање на кампања која би ја подигнала свеста кај корисниците кога е во прашање безбедноста на нивните податоци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...