Нов Smart телевизор на Samsung

Samsung го претстави Samsung Smart Signage TV (SSTV), новиот модел на телевизор наменет за мали и средно големи компании и претприемачи, кој како што велат, ги “обединува информациските и рекламните предности на дигиталното огласување со забавни содржини на ТВ пренос во живо, а се наменети за деловните корисници“.



Во основа, се работи за телевизор кој ја спојува функционалноста на телевизорите и вградениот софтвер за управување со содржини, кој овозможува креирање на персонализирана промотивна содржина, која може да се прикажува на екран поделен на повеќе делови.

Со оглед на тоа дека се работи за телевизор со вграден систем за репродукција на мултимедијални содржини, Samsung наведува дека со тоа се намалуваат трошоците, бидејќи на корисниците не им е потребен дополнителен аудио или видео уред.



Со користење на напредни можности на софтверот за создавање и управување, содржината може лесно и едноставно да се пренесе на вграден медија плеер, со помош на USB или хард диск, како и безжично, со користење на мобилен уред со WiFi опција.

Екранот поседува MagicInfo Express софтвер за управување, со чија помош сопствениците на продажните објекти можат едноставно да ги известат купувачите за попустите, работното време, посебните случувања како и останатите промотивни информации.


Исто така, софтверот овозможува едноставно создавање, објавување и управување со содржините како и одредување на календар на прикажување како и времетраењето.

Дополнително, Samsung Smart Signage TV вклучува и MagicInfo Mobile, опција која на сопствениците на објектите им овозможува брзо ажурирање или поедноставување на фотографиите во промотивни материјали од мобилен уред со користење на апликација достапна за iOS и Android уредите.



Samsung Smart Signage TV ќе биде достапен на пазарот од средината на септември во верзии од 40 односно 48 инчи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...