Големината сепак е важна!

Apple прави „револуција“ или пак ја копира конкуренцијата?

Гласините за кои со месеци читавме се покажаа вистинити – Apple на синоќешната конференција претстави два нови модели на iPhone со големи екрани и гаџетот кој сите го чекавме – паметен часовник.

Apple Watch ќе биде достапен во две големини, а кога во почетокот на идната година ќе се појави на пазарот ќе чини 349 долари.

Тим Кук напомена дека не сакале да направат часовник кој ќе биде само намален iPhone за на рака, туку Apple Watch доаѓа со Digital Crown за навигација и управување на апликациите преку сосема нов интерфејс, а интересно е дека екранот ја препознава разликата помеѓу допир и притисок.

Овој уред би можел да биде неверојатно популарен помеѓу спортистите и луѓето со активен животен стил, бидејќи доаѓа со бројни апликации за фитнес, следење на движењето, согорувањето на калориите, пулсот, итн. Уредот има правоаголен дисплеј, заштитен со стакло од сафир. Интересно е тоа што Apple ќе го испорачува својот часовник со различни ременчиња (метални, кожни и силиконски) и ќе може да се користи само со телефоните на Apple и тоа со моделите iPhone 5, 5C, 5S и секако со новите 6 и 6 Plus.

Исто така убаво да се види е и делот за навивање кој можеме да го најдеме кај обичните рачни часовници. Паметниот часовник на Apple поддржува интеграција со гласовниот асистент на iOS – Siri.

Со притискање и држење на круната корисниците можат да поставуваат гласовни команди, за да ги контролираат функциите на Apple Watch или да диктираат пораки. Apple Watch е првиот паметен часовник кој го користи овој елемент (како нешто различно од копчето), што компанијата го нарекува „дигитална коронка” и игра клучна улога во навигацијата на часовникот. Со него корисниците можат да приближуваат / оддалечуваат, бараат страници и менија, без да користат допир. Притискањето на круната ја игра улогата на home копчето.

Шефот на компанијата го сумираше „новото поглавје во историјата на Apple” како комбинација од универзален фитнес уред и прецизен и персонален рачен часовник. Apple Watch не е револуција на пазарот бидејќи досега Samsung и Google објавија слични паметни часовници со една единствена цел: барем овој пат да го „претркаат“Apple, но сепак Apple Watch носи интересни новитети и убав модерен изглед.

Што се однесува до телефоните, иако директорот на Аpple, Тим Кук, синоќа на сцената во Купертино, Калифорнија, изјави дека неговата компанија го најавува најголемото унапредување во историјата на iPhone“, сепак промените кои можеме да ги забележиме, а најмногу се однесуваат на големите на екранот доаѓаат под притисок на конкуренцијата (читај Samsung, HTC, LG… ). Сега ги добивме 4,7 инчниот iPhone 6 како и „огромниот“ 5,5 iPhone 6Plus.

И двата нови Apple телефоните и тоа како отстапуваат од досегашниот дизајн на Apple (т.е. Стив Џобс), кој седум години правеше уреди кои ги собира во џеб и може да се работи на екранот само со прст додека се држат во дланката. Новите телефони како и порано се изработени од алуминиум и изгледаат убаво, тенки се само седум милиметри и притоа се лесни.

iPhone 6 и iPhone 6Plus доаѓаат со моќен А8 процесор, изработен со нанометарски процес со 50 отсто помоќна поддршка за графика, кој гарантира дека iOS 8 оперативниот систем ќе функционира беспрекорно и апликациите „ќе лизгаат“.

Големината на екранот на iPhone 6 е 4,7 инчи, а на iPhone 6 Plus – 5,5 инчи. За споредба – претходниот модел на Apple iPhone 5S е со 4-инчен дисплеј. Освен тоа најновите гаџети се опремени со чип А8 и се потенки во споредба со неговиот претходник. iPhone 6 е тенок само 6,9 милиметри, а 6 Plus – 7,1 мм. Стартната цена на iPhone 6 со 16GB меморија и двегодишен договор е 199 долари. Цената на уредот со меморија од 64GB ќе започнува од 299 долари, а со 128GB – од 399 долари.

Apple не се залета како конкуренцијата, па не понуди 13 пикселна камера, напротив камерата останува со резолуција од 8 мегапиксели и двотонски блиц, но поседува 5 различни леќи и апертура од f/2.2. Аpple тврди дека со користење на нова технологија, наречена phase focus, двојно го намалила времето на фокусирање и сликање.

Освен фотографии, новата iSight камера има можност да снима во 240 фрејмови во секунда при HD (720p) резолуција. За жал, iPhone 6 нема оптичка стабилизација на сликата, туку само дигитална



iPhone 6 Plus е малку поголем и затоа – малку поскап, стартната цена на моделот со 16GB меморија и двегодишен договор е 299 долари. Цената на уредот со меморија 64GB ќе започнува од 399 долари, а со 128GB – од 499 долари.

Прелиминарните нарачки во САД може да се направат од 12 септември, а уредите ќе го преплават пазарот на 19 септември. Тим Кук исто така ја откри и новата опција на iPhone, а тоа е дека тој може да се користи и како кредитна картичка.



За споменување е и новиот албум на легендарниот бенд U2, Songs of Innocence, кој Боно и остатокот од рок групата го промовираа токму на истата бина заедно со Тим Кук.

Новиот албум кој излегува по 5 години од последното издание на U2 веќе е достапен бесплатно за симнување на iTunes.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...