Apple е крив за се!

Apple очигледно е многу помоќна од што мислиме. Сега ја обвинуваат поради економските потешкотии на цела една држава.



“iPhone ја уби Nokia, а iPad ја уби индустријата на хартијата, но ние ќе се вратиме“, вели финскиот премиер Алехандер Стуб за телевиската мрежа CNBC.

За оние кои не се запознаени со „замрсеноста“ на финската економија, да потсетиме дека произведувачот на хартија и мобилни Nokia некогаш беше најголемата компанија во финската економија и индустрија. Плус Nokia беше и гордост и радост на државата. И таа идила траеше до 2007 година кога на пазарот за прв пат се појави iPhone.

Од тогаш Nokia е во постојан пад. Microsoft ја купи компанијата за 7,2 милијарди долари минатата година и прво што направи ги намали работните места.

Во јули минатата година, Microsoft најави дека ќе отпушти најмалку 12.500 вработени од Nokia.

Bloomberg BusinessWeek во извештајот од август минатата година истакна дека Nokia и хартијата паднаа поради порастот на новите технологии и на крајот на краевите печатот, а премиерот Стуб веќе во јуни минатата година јавно го обвини Стив Џобс за одземањето на работните места на финскиот народ.



Секако, Финска ќе беа многу подобри доколку Nokia останеше на врвот и ако индустријата со хартијата односно печатот, не изумре. Но Apple секако не може да ја преземе цалата одговорност. Впрочем Google продава многу повеќе Android телефони отколку што Apple ги продава своите iPhone-и, а iPad-от веќе не се продава така добро како порано.

Освен тоа, не е ли Kindle на Amazon исто така одговорен за смртта на печатот?

Од Apple не дадоа никаков одговор за Huffington Post засега, и не одговорија а барањето да ја коментираат изјавата на премиерот на Финска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...