Корисниците сакаат бесплатен Windows 10

Не е прв пат да се пишува за бесплатната лиценца за Windows 10, но овој пат корисниците се тие кои бараат од Microsoft следниот оперативен систем да биде беспатен.



Windows Feature Suggestion Box е место каде корисниците слободно можат да поставуваат разни прашања и да гласаат за разни опции кои би можеле да бидат воведени во Windows 10, открива дека бесплатна лиценца за овој оперативен систем е на врвот на барањата на оние кои сакаат да го „посвојат“ овој оперативен систем кога ќе биде објавен.

И додека фактот Windows 10 да биде „бесплатен за сите“ како што сакаат корисниците е практично невозможна мисија, луѓето кои се запознаени со плановите на компанијата, сугерираат дека Microsoft би можел да размисли за бесплатна лиценца за оние кои имаат Windows 8.1, а сакаат нов оперативен систем.

Во основа на овој начин компанијата би убила две муви со еден удар. Прво ќе ги премести корисниците од Windows 8 и 8.1 на Windows 10, а покрај тоа ќе го зголеми раното усвојување на новото издание.

Некои информации говорат дека оние кои имаат Windows 7 би можеле да добијат значителен попуст, но за сето ова од компанијата се уште официјално не се изјаснија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...