Најтенкиот теблет во светот

Во фокусот на вториот настан на Apple оваа година, централното место го зазедоа новите iPad таблети.



Apple го претстави iPad Air 2, наследникот на минатогодишниот Air Модел, кој го одликува потенка форма, но и дизајн кој не се разликува премногу од претходникот.

Од компанијата потврдија дека може да се преземе и инсталира Yosemite и тоа бесплатно. Освен новиот дизајн, нова опција е Continuity (оваа опција всушност ја замаглува границата помеѓу Mac и останатите iУреди), тука е и паметното Spotlight пребарување и целокупниот редизајн на некои познати стари апликации како што се Mail и Safari.

Тим Кук го претстави новиот iPad Air 2, а она што веднаш се истакнува е дека таблетот е тенок се на се 6,1 милиметар. И е за 18% потенок од претходникот, а компанијата го најавува како најтенкиот таблет на светот.



Дисплејот на таблетот доживеа значајни измени. Тука сега ламинираниот екран, LCD стаклото и touch сензорот се оптички поврзани, а анти-рефлективниот премаз на стаклото на дисплејот го намалува отсјајот за 56%.

Кога се во прашање спецификациите, iPad Air 2 има 9.7 инчен ретина дисплеј со резолуција од 2048 x 1536 пиксели. За перформансите на таблетот задолжен е процесорот Apple A8X од 64 бита, има 40% побрз CPU и 2,5 побрз GPU во однос на својот претходник.

Батеријата на новиот модел нуди десет часовна работа благодарение на процесорот.



Фил Шилер во текот на презентацијата на новиот iPad, истакна дека iPad Air 2 има најдобар viewfinder за креирање на фотографии и видеа. Камерата на таблетот е 8MP iSight f/2.4 и е способна за снимање на 1080p видеа.

Наведоа дека Apple iPad Air 2 ќе започне нова ера на таблет фотографии.

Таблетот носи и побрз Wi-Fi со 802.11AC и MIMO, .

TouchID функцијата е присутна, а функционира исто како и кај iPhone.



Цената на почетниот Apple iPad Air 2 модел од 16GB изнесува 499 долари. Додека моделот од 64GB ќе чини 599 долари, а пак за Wi-Fi + Cellular потребно е да се додадат уште 130 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...