Едно нешто кое компјутерите никогаш нема да можат да го направат

Волтер Исаксон е еден од најугледните биографи на светот. Тој ги напишал биографиите на многу великани како што се Стив Џобс, Бенџамин Франклин и Алберт Ајнштајн.



Овој поранешен главен уредник на магазинот Time, неуморно работи. Неговата работа се простира на скоро четири децении, а опфаќа политика, образование и технологија. Неговата најнова книга "The Innovators: How a Group of Hackers, Geniuses, and Geeks Created the Digital Revolution" (Иноватори: Како група на хакери, генијалци и гикови креираа дигитална револуција), е врвот на неговата долга новинарска кариера.



Исаксон даде мал увид во таа книга преку LinkedIn порака под насловот: “Едно нешто кое компјутерите никогаш нема да можат да го направат“.

Во тој пост Исаксон, тврди дека способноста да мислат поинаку и да поседуваат фантазија, е она што ги прави луѓето и понатаму важни во времето на когнитивното компјутерство.

А токму тоа ќе ви помогне да ја поврзете уметноста со науката, бидејќи токму од таа насока ќе пристигне следната дигитална револуција, пишува тој.

Еве што тој вели: “Следната фаза на дигиталната револуција ќе донесе вистинска фузија на технологија со креативни индустрии, како што се медиуми, музика, забава, образование, книжевност и уметност... Оваа иновација пристигнува од луѓето кои се во состојба да ја поврзат убавината со инженерството, човештвото со технологијата и поезијата со процесорите“.

Тој забележува дека концептот за поврзување на уметноста и науката не е ништо ново, наведувајќи го случајот со Леонардо да Винчи и Анштајн. Но она што го чини овој спој толку возбудлив е фактот што никој не може да предвиди што е пред нас.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...