Fire Phone и понатаму разочарува

Уште од првата најава на паметниот телефон на Amazon владее по малку чудна атмосфера.



Компанијата деновиве ги откри своите разочарувачки финансиски резултати за третиот квартал, во кој покрај останатото во очи паѓа и отпишаниот износ од 170 милиони долари. Тој износ е примарно поврзан за Fire phone, со што стравовите на аналитичарите се потврдени.

Да се потсетиме, дека на крајот на месец август започна да се појавува значителен страв кај аналитичарите поврзан за пазарниот успех кај првиот паметен телефон на компанијата. comScore тогаш откри дека Fire Phone е продаден во не повеќе од 35.000 примероци.



Во основа и во новиот бизнис квартал се продолжува приказната од порано - за загубите најмногу е одговорен токму Fire Phone. Додека во претходниот квартал во Amazon тврдеа дека лошата состојба е резултат на лансирањето на првиот паметен телефон на пазарот, сепак потрошувачите не покажаа претеран интерес за уредот ниту неколку месеци по лансирањето.

Нештата тешко можат да се поправат, иако уредот со договор падна од 199 долари на 99 центи. Од друга страна пак рецензиите на корисниците се сè освен добри, бидејќи уредот во верзија од 32GB на AT&T мрежата има оцена 2.1/5.

Но Amazon не планира да се откаже, барем не засега. CFO-то на компанијата Том Скутак телефонот го нарече “добар уред на многу компетитивен пазар“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...