Како да дознаете дали некој ве пребарува на интернет?

Интернетот е полн со места и сервиси со ваши податоци и податоци за други. Понекогаш бесплатно, понекогаш со одреден надоместок може да се дознаат одредени информации. Корисно е да знаете кој ве бара и кој пребарува ваши податоци.

Ви претставуваме неколку начини преку кои ќе можете да дознаете кој се распрашува за вас онлајн, било да е некој работодавец, поранешна љубов или далечен роднина.



Користете Google Alerts

Првиот чекот кој го препорачуваме e www.google.com/alerts. Внесете го вашето име во местото за предупредување и кликнете Create Alert. Со помош на Show Options проширете го прегледот и одберете колку често да ви се праќаат известувања и на која адреса.

Побарајте ги социјалните спомнувања

Сличен систем, фокусиран на социјалните мрежи е www.mention.com. Освен на интернет, можете да го користите и на уредите на кои имате Android, iOs, Windows 8 и Chromе. Две седмици може да го испробате бесплатно. Кога ќе се логирате, креирајте предупредување според три критериуми и одберете го јазикот. Next Step ве носи кон изворите кои сакате да ги користите, како што се блогови, форуми, Facebook, Twitter и филтрирајте ги оние кои не сакате да ги следите.



Откако ќе завршите кликнете на Create My Alert, па Save.  Вашиот кориснички профил можете да го поврзете  со некој профил на социјалните мрежи како информациите би ги добивале побрзо.

Ве бараат ли работодавци?

Профилот на LinkedIn може да биде многу корисен при пронаоѓање на нова работа. Кога ќе се логирате, можете да ги видите прегледите на вашиот профил. Ако сте премиум корисник и вие можете да ги видете податоците и на оние кои ви го гледале профилот.

Ве бараат роднини?

Постојат повеќе интернет сервиси кои можете да ги употребите при пронаоѓање на роднини со кои сте изгубиле контакт. На пример, www.ancestry.com има огромна база на податоци на живи и умрени луѓе. Овде има и семејни стебла, каде што можете да проверите да не ве додал некој во своето.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...