Успешно заврши проектот „е-Engagement” за усовршување на дигиталните вештини

Во организација на НВО „Младински сојуз”, а со поддршка на фондацијата е-Македонија, се одржаа едукативни работилници во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.



Од 21 до 23 ноември, како дел од проектот „e-Engagement”, во Прилеп се одржа завршна конференција на која учествуваа најмотивираните и најактивните учесници од едукативните работилници кои се одржаа изминатиот период во Куманово, Струга, Штип и Кавадарци.

Проектот е организиран од страна на „Младински Сојуз“, а со поддршка на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

Овој едукативен караван имаше за цел да ги мотивира младите да развијат вештини и поефективно да се вклучат со дигиталното општество.

„Преку овој проект се обидовме да ги охрабриме младите да ги користат дигиталните алатки во насока на себеусовршување, а потоа и во насока на градење позитивни промени во општеството преку нивна употреба“ - изјави Маријана Јанческа, прв проектен асистент на проекот „e-Engagement”

На конференцијата, на која учествуваа 50 млади лидери се дискутираше за поефективно електронско учество, а беа презентирани и неколку успешно спроведени акции во Македонија преку социјалните мрежи.

“Наша цел како фондација е поефективно вклучување на младите во е-заедницата, а преку проектот „е-Engagement“ го постигнавме токму тоа. Интересот и посетеноста на работилниците јасно покажаа дека има и тоа каква потреба за мотивирање но и усовршување на младите за подобро користење на дигиталните медиуми што ќе им помогне подобро да се интегрираат, да реагираат и да се вклопат во општеството“ – изјави Радмила Јончевска, директор на фондацијата е-Македонија на Македонски Телеком.

Проектот „е-Engagement“ опфати 5 градови низ Македонија, а учество земаа над 200 млади луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...