Компанијата LG веќе го навикна ИТ светот на одредени правила во откривање на своите нови адути. Меѓутоа познато е дека правилата се тука за да се кршат.
Ако се вратиме назад во месец февруари оваа и минатата година, ќе видиме дека LG објави некои од претставниците на својата G Pro линија на фаблети, LG Optimus G Pro и LG G Pro 2, првиот телефон минатата година, а другиот оваа.
Логиката вели дека февруари 2015 година повторно ќе биде месец кога LG ќе го објави својот трет знаменосец фаблет. Но, неодамнешните гласини ни велат дека тие кои го чекаат LG Pro 3 ќе бидат разочарани.
Всушност, корејскиот произведувач одлучи да ја отфрли оваа серија фаблети и да се фокусира на својот телефон за следната година LG G4.
Имајќи предвид дека LG G3 со 5,5 инчи е голем колку и 5,9 инчниот LG G Pro 2, оваа година гласините секако имаат смисла. Сево ова говори дека LG нема да објави уште еден телефон со огромен екран во првите месеци на следната година.