The Pirate Bay некогаш и сега

Германската партија на пиратите порача дека полициската рација и гасењето на најпопуларниот торент сајт "The Pirate Bay" нема да има ефект, бидејќи само ќе доведе до тоа да има и повеќе пирати и повеќе сервери.



The Pirate Bay беше соборен пред неколку дена, па потоа иако се појави на https://thepiratebay.cr, торент сервисите се и понатаму недостапни.



“Во основа, ова нема да има никаков ефект. Ако изгаснете еден сервер, само ќе се појават уште повеќе“, изјави Бруно Крам од Партијата на пиратите во Германија.

Тој наведе дека серверите на "The Pirate Bay" веќе беа гасени во 2005 година, но резултираа со тоа што е основана пиратска партија ширум светот и што се појавија луѓе кои на конкретен начин ја бранат слободата на интернетот.

“Индустријата мора да се менува и да се сфати што е интернетот, и неговата идеја која го води. Музичката индустрија тоа делумно го разбра и воведе стриминг, кој е сега најбрзо растечки пазар. Само е потребно да видиме како авторите ќе добиваат пари од стрмингот“, вели Крам.

Од друга страна, еден до основачите на сајтот Петер Сунде, вели дека му е сеедно дали серверите повторно ќе се вклучат.

Сунде, кој повеќе нема врска со"The Pirate Bay" и кој е ангажиран околу продорот на Европската пиратска партија во Европскиот парламент, наведе дека сајтот кој го основал сега го водат “луѓе кои немаат многу душа“.

“Истото ова се случи пред осум години, а тогаш многу луѓе протестираа и излегоа на улица. Денес се чини дека нема многу заинтересирани, а и јас сум меѓу нив. Таму има се повеќе и повеќе реклами и добро е чувството што можеби ќе се затвори за секогаш, само е срамота на која начин ќе се затвори“, наведува Сунде, кој поради сајтот беше и осуден на една година затвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...