Претворете го телефонот во десктоп

Старт ап компанијата Andromium Inc. која ја основаше Гордон Зхенг, кој 10 години помина како софтверски инженер во Google, на пазарот сака да исфрли систем Andromium, кој се состои од dock уреди наменети за спојување со ТВ или монитор, како и истоимениот оперативен систем кој го изработи Зхенг.



Овој проект деновиве е поставен во системот за crowdfunding на Kickstarter, каде авторите имаат намера да соберат 100.000 долари за да пристигне Andromium на пазарот.

Авторите наведуваат дека ова е наједноставен и најдобар начин својот паметен телефон да го претворите во десктоп компјутер на кој можете да играте, креирате и едитирате текстуални документи, таблици, презентации и други нешта за кои обично го користите вашето PC.



Освен за спојување со монитор/ТВ преку HDMI, dock-от може да се користи и за полнење на вашиот паметен телефон. Со оглед на неговата компактност, овој гаџет го наменија за патувања, па е склоплив и поседува интегриран струен кабел, а за да можете на него да споите маус, тастатура и контролер за играње, на себе поседува 3 USB порти.

Што се однесува до оперативниот систем, Andromium OS може да се инсталира како апликација, а за сега го подржуваат телефоните Galaxy на Samsung опремени со процесори Snapdragon.



Ако проектот ги собере бараните средства, во месец февруари 2015 ќе се испорача до сите кои ќе го подржат со 30 долари, додека на пазарот ќе се најде по цена од 40 долари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...