Tрет „Global Game Jam“ во Македонија

48 часовен маратон за креирање на игри поддржан од Македонски Телеком и Т-Мобиле

Со поддршка на Македонски Телеком и на Т-Мобиле, од 23 до 25 јануари, ќе се оддржи третиот по ред “Global Game Jam” во Македонија. Станува збор за интернационален настан за креирање на дигитални игри, којшто се одржува еднаш годишно, симултано на голем број локации низ целиот свет. “Global Game Jam” е 48 часовен маратон, во кој учесниците развиваат игри за иста тема, зададена на почетокот на настанот.

Во Македонија, креативците ќе можат да учествуваат во настанот со правење на игри на две локации, првата е во Сивус едукативниот центар во Скопје, а другата е во Бизнис Академија Смилевски во Битола. Годинешниот натпревар за правење на игри ќе биде досега најголем во Македонија не само по бројот на учесниците, туку и по наградите. Двете локации ќе бидат отворени 48 часа нон-стоп. За учество во “Global Game Jam” Македонија, заинтересираните треба претходно да се регистрираат за да можат да се приклучат на тим којшто ќе изработува игри. На самиот крај од маратонот, секој тим поединечно ќе ја презентира играта пред публика, при што ќе можат да добијат награда.

Македонски Телеком и Т-Мобиле како технолошки лидери на пазарот во фиксна и мобилна телефонија, коишто нудат совршени и врвни телекомуникациски решенија и услуги, секогаш ги поддржуваат талентираните и млади луѓе кои што се подготвени за промени и креирање на нови трендови во ИТ индустријата. Па така, се очекува на „Global Game Jam” Македонија 2015 да се пријават 400 учесника на двете локации во Скопје и Битола. Од десегашното искуство, во „Global Game Jam” Македонија учествуваат професионалци и студенти, коишто се високомотивирани, тренд сетери и идни лидери во ИТ индустријата. Истовремено, станува збор за млади и амбициозни луѓе, кои се почитувани членови на он-лајн заедницата во Македонија.

Покрај Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, третиот по ред “Global Game Jam” е поддржан и од Бизнис Академија Смилевски.

Во 2014 година “Global Game Jam” се одржа на 488 локации во 72 земји. Имаше 23189 учесници и беа создадени околу 4300 игри. На него за првпат учествуваше и Македонија со две локации, ФОН Универзитетот во Скопје и Техничкиот факултет во Битола.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...