Магисто – за „филмаџијата“ во тебе

Креирањето на видео од неколку снимки или фотографии не е нешто ново или спектакуларно. Има неколку десктоп програми, па и апликации кои што овозможуваат повеќе или помалку нормално спојување на елементите и претопување во еден видео клип.

Токму делот „повеќе или помалку“ е клучниот во изборот на тоа која апликација/програма треба да се користи доколку сакате да креирате самите свое филмче од повеќе видеа или од повеќе фотографии. Бидејќи во денешно време камерите на телефоните се главни алатки за снимање на видеа и фотографии, нормално е да се свртиме кон понудата на апликации, наместо на десктоп програми, со кои може да изработуваме видеа и филмови.

Нашиот предлог е Магисто, апликација со бесплатна основна верзија која е достапна како за Андроид, така и за корисниците на iOS оперативните системи. Ја одбравме оваа апликација поради неколку причини кои во последните пар години колку што постои успеа да собере огромна база на задоволни корисници, но и на инвеститори кои го препознаа потенцијалот и инвестираа во нејзино подобрување и популаризација.

За разлика од повеќето апликации на пазарот кои се слични според она што го работат, Магисто поседува доста напреден визуелен анализатор кој што ги испитува видеата и фотографиите, ги наоѓа најдобрите делови од нив, ги поврзува интелигентно, а онаму каде што треба корекција ги поправа и со тоа овозможува крајниот продукт да изгледа максимално професионално.



Исто така со анализаторот на емоции (Emotion Sense Technology) Магисто ќе ги детектира емоциите на фотографиите и видеата и со додавање на вистинската музика и достапните филтри ќе овозможи поприродна репродукција на финалниот продукт –вашиот нов филм.

Секако за задоволството да биде комплетно, а продуктот да изгледа професионално, потребано е да се дефинира и брзината на сцени, тоналитетот и сите тие детали кои се навистина важни. Магисто нив ги дефинира како стил на режирање, а го применува оној кој одговара најмногу според претходноспомнатите два параметри.

За крај да го спомнеме само начинот на работа со Магисто, кој не може да биде поедноставен.

  1. Додадете ги фотографиите или видеата претходни снимени и сочувани во телефонот.
  2. Изберете стил на новото видео
  3. Додајте своја музика како позадинска или изберете некоја од понудените
  4. Именувајте го филмот и тој е спремен за прикажување.

Доколку сакате нешто повеќе од основната верзија, како и опција да ги преземете локално претходно снимените филмови тогаш ви е потребна премиум верзијата која се наплаќа.

Придружи се на MAGISTO, види што споделуваат останатите, и сподели ги своите филмови во нашиот албум, преку хаштаговите #сподели, #spodeli:
http://www.magisto.com/album/spodelidozivuvanja



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...