ВИДЕО: SmartEyeGlass очилата на Sony

Веќе подолго време Sony тестира прототип на своите SmartEyeGlass очила, кои би требало да претставуваат своевидна конкуренција на Google Glass, а сега официјално е лансиран во продажба првиот модел кој е наменет за дивелоперите под називот SmartEyeGlass SED-E1 Developer Edition, а кој е најавен пред неколку месеци.



Очилата од март оваа година ќе бидат достапни во 10 држави по цена од 670 евра.

За разлика од конкуренцијата, очилата на Sony користат технологија која ја нарекуваат "holographic waveguide technology", која асоцира на сличност со технологијата на Microsoft HoloLens, но ако го погледнете видеото, јасно е дека всушност наликуваат на очилата на Google.



На провидните стакла на очилата се проектира едноставен монохроматски текст и дијаграми со 15 fps, а тука е и 3MP камера која може да снима фотографии и видео, за сите овие функции и можности дивелоперите можат да ги користат при развој на своите апликации.



Батеријата овозможува 80 минути работа со активен екран и вклучена камера, како и 150 минути без неа, а Sony вели дека со помош на апликации ќе им овозможи на корисниците пристап до Facebook и Twitter.

Сепак мора да се признае дека очилата на оваа компанија не изгледаат многу убаво, па се надеваме дека во следната верзија освен инженери ќе вклучат и понекои дизајнери.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...