Полека но сигурно доаѓаат промените на Facebook!

Извршниот директор на Facebook, Зукерберг неодамна на последната дивелоперската конференција на компанијата која е наречена F8 ја започна со зборовите дека таа помалку ќе се занимава со најава на нови производи, а повеќе ќе и помогне на програмерската заедница.

Сепак, Зукерберг по најавата, продолжи детално да ги набројува новите производи, промени, функции и подобрувања кои можеме да ги очекуваме.

Еве дел од тоа што беше најавено на F8 конференцијата:

Дополнувања на апликацијата Messenger


Како што беше и очекувано, Facebook ја отвори својата чат апликација Messenger за интеграција со така наречена трета страна.

Од сега било која апликација ќе може да содржи врска на Facebook Messenger што ќе им овозможи на корисниците да на оваа платформа за комуникација користат гиф анимации, видео како и елементи од други апликации.

Messenger Business

Интеграцијата на Messenger со бизнисот со online трговијата. На овој начин online трговците ќе добијат директен канал за комуникација со корисниците во реално време.

Подобрени плагини за видео и коментари

Facebook видеото непрекинато расте, моментално се прегледуваат околу три милијарди видеа секој ден. Еден од плагините ќе им овозможи на корисниците на своите страници да вградат видео со една единствена линија на код.

За оние корисници кои на своите страници имаат Facebook коментари, подобрените плагини ќе им овозможат објава на коментарите на Facebook и на своите веб страни, што значи дека тие коментари би требало да бидат унифицирани.

Сферични видеа

Зукерберг рече дека News Feed и Oculus на Facebook подржуваат сферни (кружни) видео снимки кои се снимени со повеќе камери и кои ќе понудат вистинско впечатливо искуство на гледање на видеа.

Facebook Analytics за апликации

Оваа бесплатна алатка ќе им овозможи на програмерите да разберат како луѓето ги користат нивните апликации на различни уреди и ќе им понудат детален увид во функционалноста на нивните маркетинг кампањи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...