Телефон со Android 5.1 и батерија од 5.300 mAh

Кинескиот произведувач претстави свој нов паметен телефон кој го краси Android 5.1 и батерија со голем капацитет.

Кога говориме за уреди на помалку познати кинески произведувачи, секогаш мораме да бидеме внимателни, бидејќи тие знаат да тврдат нешто за што подоцна ќе се испостави дека не е баш така, па оваа вест засега земете ја со доза на внимателност.



Накратко кажано, компанијата Bluboo го претстави својот нов паметен телефон Bluboo X550 со OGS екран со дијагонала од 5,5 инчи (непозната резолуција), кој работи на четворојадрен процесор MediaTek MT6735, со помош на 2 GB RAM и 16 GB интерна меморија за складирање.

Со оглед на таа функција и податокот дека цената му изнесува 170 долари, можеме да кажеме дека се работи за типичен кинески уред од помалку познат бренд кој своето место под сонцето го бара со солиден однос на цена и квалитет, но постојат две нешта кои го прават интересен.



Како прво, уредот работи на Android 5.1 Lollipop OS, со што влегува во тимот на мал број на уреди кои засега можат да работат со најновиот оперативен систем на Google, додека вистинската бомба доаѓа во облик на податок дека овој телефон поседува батерија од 5.300 mAh, со што автоматски станува телефон со батерија која има најголем капацитет на светот, иако тоа не влијае на неговата дебелина која изнесува 8,9 мм.

Но, како што кажавме на почетокот, многу кинески произведувачи имаат чуден начин на маркетинг, па знаат да претераат во врска со своите уреди, но со оглед на тоа дека овој уред ќе биде официјално претставен на саемот Global Sources Electronics на 18 април во Хонг Конг, ќе дознаеме брзо дали сето ова е вистина или лош маркетинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...