ВИДЕО: Снимка од стравичната несреќа во која загина Вокер

Стравичниот судир во кој загинаа 40-годишната холивудска ѕвезда, Пол Вокер и неговиот пријател Роџер Родас бил снимен од безбедносните камери на улицата. На видеото кое се појави на интернет точно се гледа моментот кога Porsche-то удира во столб, потоа во дрво и на крај целото букнува во пламен.



Porsche-то со кое управувал Роџер предизвикало огромна експлозија која можела да се види од неколку километри оддалеченост.

Камерата ги снимила и пријателите на Вокер кои веднаш по судирот дошле со своите автомобили на местото на несреќата и се обиделе да го спасат него и Родас.

Роџер и Пол сакале да дознаат зошто Porsche-то се гаси

Се појавија наводи дека до несреќата дошло поради дефект на скапоцениот автомобил, за кој објавивме вчера дека за неколку години сменил повеќе сопственици.

Не се знае дали дефектот настанал поради фабричка грешка или пак го предизвикал некој од луѓето кои го возеле Porsche-то пред несреќата, како што објавуваат американските медиуми, Пол и Рoџер наводно разговарале за некој дефект на автомобилот пред да седнат во него за да се повозат. Тие наводно сакале да видат дали дефектот влијае на перформансите на автомобилот и дали може да го отстранат.

- Кога еден од работниците во салонот каде било паркирано возилото сакал да го паркира Porsche-то во гаражата во рикверц,  автомобилот неколкупати му се изгаснал. Роџер тоа го забележал и не му било јасно во што е проблемот и рекол дека ќе го повози до првата улица со цел да види што е работата. Пол одлучил да појде со него за заедно да забележат за што станува збор, открива еден од гостите на забавата по која покојниот актер и неговиот пријател отишле во смртоносното возење.

Некој пријавил дека се тркаат по улиците

Иако на видеснимката од несреќата тоа не е видливо, полицијата примила анонимна дојава дека освен Porsche-то во кое Вокер загина, на улицата во исто време бил уште еден спортски автомобил и дека се тркале. Улицата во која се случила несреќата наводно е популарна за улични трки и ова не е прва тешка несреќа на истото место.

Вокер бил зависни од адреналин и возел брзи автомобили. Во видеото кое е снимено во Јапонија, тој се пофалил дека на автопат еднаш возел дури 296 километри на час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби