|
|
Делфин моли за помошКон почетокот на месецов, за едно ноќно нуркање на брегот на Хаваи, група нуркачи се изненадиле кога здогледале осамен делфин кој им пришол и некое време се задржал меѓу нив. Нуркачите набрзо забележале дека делфинот не може нормално да плива.
Откако делфинот продолжил да кружи околу нив, инструкторот за нуркање Келер Ларос сфатил дека животното не е само љубопитно, туку моли за помош. Движењето на делфинот биле оневозможено од рибарската мрежа, а една кука му се закачила на градната перка.
Но тоа што нуркачите посебно ги зачуди беше дивиот делфин бил смирен и спремен да ги прими сите обиди на Ларос да му помогне. Делфинот дури и се поднаместил и му ја дал целата доверба на нуркачот кој се обидел да му помогне.
За цела среќа, Ларос успеал да го извлече од мрежата и веројатно да му го спаси животот. Нуркачите на крај порачале дека луѓето треба да внимаваат што фрлаат во океанот и да имаат обѕир за животните кои живеат во него.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели: "Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?" "Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три... |
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
1778.- Во Ерменонвил умре Жан Жак Русо,...
1860.- На брегот на Јапонското Море близу до...
1877.- Роден е Херман Хесе, германски писател....
1881.- Во Вашингтон е извршен атентат врз...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|